Дали ја избравте вистинската професијата?

38

Една изрека вели дека ако ја работите работата што ја сакате, тогаш никогаш не мора да работите ниту еден ден во животот. Сепак, за да бидеме сигурни дека сме ја одбрале вистинската професија, одлуката мора да ја донесеме пред да почнеме со работа (за време на средношколските и факултетските денови).

Податоците покажуваат дека девет од 10 лица, на возраст меѓу 21 и 65 години, сметаат дека можеби избрзале при изборот на кариера. Сепак, во услови на дигитализација, напредни технологија и глобализација, никогаш не е доцна да се почне од почеток, да се преквалификувате, да стекнете нови знаења и вештини.

Пример за тоа е Brainster, во чија евиденција стои дека над 70% од студентите кои се запишале на некоја од нивните академии со цел да најдат нова работа, се вработиле, од нив речиси сите во новоизбраната професија, додека огромен дел од студентите кои барале доквалификација, добиле унапредување.

“Brainster веќе пет години работи на македонскиот пазар, а оваа година започна и нашата прва академија во Виена. Околу 9.000 студенти биле дел од нашите обуки низ годините – 4.000 студенти стекнаа вештини и знаења низ академиите, а дополнителни 5.000 низ кратките курсеви. Ваквиот интензитет на работа ни овозможи да добиеме една слика за тоа што им недостасува на младите, па и на повозрасните кои сакаат промена на кариерата. За подобро да ја разбереме ситуацијата спроведовме 5.000 интервјуа со наши студенти. Од сите оние кои ги интервјуиравме 75% имаат завршено факултет, а 20% уште студираат. Околу 30% од нив завршиле факултет пред четири години, а 45% пред повеќе од 4 години. Повеќе од половина, односно 60% доаѓаат кај нас за комплетна преквалификација“, велат од Brainster.

Според првиот човек на Brainster, Петар Ниновски, над 60% од оние кои ги посетуваат нивните курсеви, доаѓаат за комплетна кариерна промена. Тој смета дека ова укажува на сериозен недостаок на време посветено на истражување на кариерни опции и перспективи, што резултира со години талкање и менување професии за да се најде вистинската.

Доколку имате некаква дилема околу тоа која би била идеалната професија согласно вашата личност, тогаш искористете ја бесплатната алатка за кариерно насочување.

Фото: Freepik