Дали може да се заразиме со коронавирус при капење во море или базен

267

Иако се намалува бројот на заразени со коронавирус во Европа, нема сомнеж дека летото ќе биде во знак на овој вирус, а “сенката“ на пандемијата долго ќе нè следи.

Многумина се прашуваат како ќе изгледа летувањето, постои ли ризик да се заразиме во море или на базен и на што да се внимава.

Во разговор за GRTimes, професорот по патологија и заразни болести од Универзитетот Aristotel во Солун, Павлос Николајдис даде одговори на прашањата кои многумина ги интересираат, пренесувa Telegraf.rs.

Вели дека капењето во базен којшто содржи хлор е безбедно. Никој не докажал дека постои потенцијален ризик од зараза со коронавирус. Истото важи и за морската вода.

Најголем ризик постои ако не се одржува социјалната дистанца. На пример, ако на 10 метри квадратни има 20 лежалки, тогаш постои опасност.

На прашање дали постои шанса некој да добие вирус на плажа или надвор од базенот, професорот објаснува дека тоа е малку веројатно бидејќи главниот пат за пренесување на вирус е респираторно, преку кивање, кашлање, кивање, гласно говорење.

“Топол песок не е местото каде што ќе се пренесе вирусот. Она што е сигурно е дека ризикот се зголемува само со сообраќајниот метеж на патот до плажа, на пример во јавниот превоз. Додека престојуваме на плажа или базен, мора да се погрижиме да бидеме барем два метри оддалечени од другите, што е реално во Грција затоа што имаме бесконечно долги плажи. Исто така, доколку допирате некои предмети, спречувањето на инфекција се врши со употреба на сапун или средства за дезинфекција“, вели тој.

Како што вели, сè се сведува на индивидуална хигиена, но и одредени мерки што ќе треба да бидат во сила и ова лето.

Фото: Pixabay