Дали наскоро ќе има патишта што се одмрзнуваат сами по себе?

31

pat sto sam se odmrznuva

Безбедното возење по мраз или снег бара голема внимателност, концентрација, искуство и соодветна зимска опрема. Но, се развиваат и методи со коишто на сите возачи ќе им се овозможи безбедно возење во зимски услови по патишта што се одмрзнуваат сами по себе.

Професорот по градежништво на Универзитетот Небраска, Крис Туан, создаде мешавина од бетон, челични струготини и јаглерод, што станува погоден материјал бидејќи се загрева и го топи снегот и мразот од површината, пишува Discovery. Овој бетон е доволно спроводлив за да може да се наелектризира и да го стопи замрзнатиот површинскиот слој.

Температурата што ја достигнува овој материјал е безбедна за автомобилските гуми.

Сојузната управа за цивилно воздухопловство го тестира овој материјал за изградба на аеродромски писти, па доколку тестовите покажат дека е погоден, може да се очекува негова примена и на патиштата.