Дали новото име Voltswagen e само првоаприлска шега? Се огласи авто-гигантот 

151

Германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) нема да го смени името на својата филијала во САД во Voltswagen, а веста што ја пренесоа бројни  медиуми во вторникот беше маркетиншка првоаприлска шега, соопшти денеска компанијата.

Објавата за промена на името, издадена од Volkswagen во вторникот, беше дизајнирана во духот на Светскиот ден на шегата, 1. април, за да привлече внимание кон лансирањето на целосно електричен џип модел ID.4, изјави Мајк Толберт, портпарол на VW во Соединетите Држави, објави CNBC.