Дали полесно прифаќате критика од шеф или шефица?

66
Само што завршивте со работата на проект кој вам ви изгледа одлично. Време е да ги слушнете заклучоците за сработеното од вашиот шеф. Критиките ќе ве направат само подобри во тоа што го работите, но воопшто не е лесно да ги слушате.

Професорот Мартин Абел од Мидлбери колеџот од САД, спровел интересно истражување со цел да утврди дали вработените почесто реагираат негативно на критики, кога тие доаѓаат од страна на женска личност која им е претпоставена или машка личност.

Тој на учесниците во истражувањето им поставил прашање: Како би реагирале ако во канцеларија ве повика шефот и изрази незадоволство од вашата работа и резултати во изминатиот период. Дали би ја прифатиле критиката и би вложиле повеќе труд или би барале нова работа? И како би реагирале кога шефицата би ве повикала, дали реакцијата би била поинаква?

Во истражувањето учествувале 2.700 работници, а резултатот на истражувањето покажал дека и жените и мажите често реагираат негативно, кога критиката доаѓа шефица. Учесниците во ова истражување пријавиле дека критиката од страна на жена доведува до поголемо незадоволство на работно место, отколку од шеф.
Вработените покажуваат помал интерес да работат во компанијата ако добиваат критики од шефица.

Ова може да има важно влијание на успехот на жените во водењето на компании, бидејќи ако реакциите на работниците на критиките често се одразуваат негативно кога жената е во позиција на моќ, жените би можеле да бидат помалку заинтересирани за менаџерски позиции.

Различни луѓе, различно реагираат и ги поднесуваат критиките. Она што е важно е да се извлече поуката за во иднина да не се повтори истото.

Фото:Pexels