Дали сте знаеле дека (2)…

Успешноста на големите бизниси е испреплетена со многу случки, грешки, случајности и чиста среќа. Еве уште една доза на интересни информации што сигурно не сте ги знаеле.

Дури 64% од купувачите се одлучуваат да купат производ благодарение на реклама на социјалните мрежи.

На почетокот McDonald’s продавал само хот-дог, односно сендвич со виршла. Дури по некое време ги додал и бургерите со плескавица во своето мени.

Популарната водка Smirnoff во минатото се нарекувала и бело виски, па често пати била конзумирана и наутро од причина што не мирисала силно како оригиналниот виски пијалок.

Житарките се втор најрекламиран производ на телевизија во светот. Веднаш зад автомобилите.

Загризокот на јаболкото од логото на Apple беше додадено за луѓето да не помислат дека станува збор за цреша.

Пред да стане една од најпознатите компании за производство на автомобили BMW произведуваше авиони.

Малите џебови на фармерките првично беа креиерани за чување на џебни часовници. Денес се само мал детал од познатото парче облека.

Компанијата Hewlett-Packard позната како HP го доби своето име во 1939 година со фрлање на паричка.

Пилето кое што е заштитен знак на Twitter има свое име – Лери.

Kleenex хартиените марамчиња пред да ја имаат денешната намена првично беа користени како филтер кај гас маските, за време на Втората светска војна.