Дали уште веруваме во овие невистини за работата од дома?

95

Работата од дома е во “мода“ откако пандемијата од коронавирусот земав замав на глобално ниво. Сепак, за некои компании работата од дома е сосема нормална, за други тоа е сосема нова пракса. И покрај тоа што има голем број работници кои посветено и ефикасно работат од некој агол во својот дом, други сè уште веруваат во овие лоши претпоставки за работата од дома.

Работата од дома е привилегија

Пандемијата стави под знак прашалник голем број работни места, па во овој случај било каква стабилна работа е голема привилегија. Да се работи од дома има свои предности и недостатоци, исто како и работата од канцеларија. Затоа, работата од дома не треба да се третира како привилегија, туку како можност да се заштедат непотребни трошоци, особено во услови на криза. Но, треба да се има предвид дека ако вашиот работник останува од дома, не значи дека ќе работи само кога ќе посака. Има и такви работници кои и кога се во канцеларија, не се секогаш фокусирани на работата. Работодавачите можат да ги “мониторираат“ своите вработени од далечина, преку следење на ефикасноста, резултатите и редовните онлајн состаноци.

Работаа од дома им оди во полза само на вработените

Иако на прв поглед изгледа дека од работата од дома имаат корист само вработените, сепак и работодавачите имаат бенефити од тоа. Заштедуваат на трошоци за изнајмување на скап деловен простор, опремување на канцеларијата, патни трошоци на вработените… Од друга страна, добиваат вработени кои можат да бидат покреативни во својот дом, да не мора да ги губат нервите во сообраќајниот мееж патувајќи кон и од работното место.

Каква организациона култура имаат компаниите чии вработени работат од дома?

Организационата култура е односот што работодавачите и вработените го создаваат кон својот бизнис, заедницата, соработниците, клиентите… Се работи за сложен систем од којшто зависи и колку ќе биде успешна компанијата во иднина. Но, тоа не значи дека силна организациона култура се гради и одржува само со физичко присуство на вработените. Доколку менаџерите имаат јасна стратегија, добро поставени цели и одлучност за постигнување успех, во тој случај со исто таков ентузијазам, тоа можат да им го пренесат на своите вработени. Тие, пак, иако се дома, своите работни навики, искуство, знаење и стручност ќе ги насочат во духот на организационата култура што ѝ припаѓа на компанијата.

Дали вработените ќе бидат ефикасни и продуктивни?

Ова прашање не ги мачи само оние одговорни лица кои треба да ја контролираат работата на своите вработени кои се во канцеларија, фабрика, продавница… Местото од каде што се извршуваат работните задачи, прилагодени на природата на работата, воопшто не треба да ја намалува продуктивноста и ефикасното извршување на задачите на вработените.

Фото: Freepik