
Проектот е наменет за компании кои:
Имаат потенцијал за забрзан раст;
Планираат нов инвестициски циклус;
Размислуваат за долгорочна стратегија и генерациски континуитет;
Сакаат да добијат независна проценка на вредноста и потенцијалот на својот бизнис;
Не ја исклучуваат можноста во иднина да прибираат капитал преку издавање на акции или обврзници.
Со проектот добивате:
Учество во ексклузивна лидерска академија
Индивидуална проценка на подготвеноста на Вашата компанијата за излегување на пазарот на капитал
Професионален извештај со препораки за понатамошен развој
@ebrdhq
Како што наведуваат ова е можност да добиете независна експертска проценка за тоа каде се наоѓа Вашата компанија денес и како да привлече инвеститори во иднина.
До 70% од трошоците ќе бидат покриени преку грант, обезбеден од ЕБОР.












