Дали заштитните маски и средствата за дезинфекција ќе ни бидат “вечно“ при рака?

90

Не е спорно дека пандемијата го промени начинот на којшто се однесува целиот свет. Самоизолација, социјална дистанца, солидарност… овие поими во последните неколку месеци се можеби најчесто употребувани заедно со коронавирус, пандемија, респиратор… Коронавирусот не само што ги мобилизираше здравствените власти ширум светот, туку и целата светска јавност.

Постојаните апели за седење дома, заштита на сопственото и здравје на тие околу нас, носење на заштитна опрема, често миење раце, користење на средства за дезинфекција, сето тоа би можело да создаде промена на навиките “засекогаш“. Можеби откако ќе се смири целата ситуација нема да сакаме да ги погледнеме заштитните маски, бидејќи со нив тешко се дише, сепак ќе станеме повеќе свесни за тоа колку со нашето однесување и внимание може да го зачуваме своето, но и здравјето на луѓето околу нас.

На крајот на пандемијата, луѓето ќе сфатат и ќе разберат колку се важни едноставните работи, како што е здравјето за коешто можеби и не обрнуваме внимание сè до оној момент кога ќе почувствуваме дека ни е загрозено.

Можеби пандемијата физички ги “одвои“ луѓето, но им даде многу повеќе време и прилика да се зближат на поинаков начин, да размислуваат за себе и за сите оние работи на коишто подзабораваме во “нормални“ услови.

Несомнен е фактот е дека некои навики ќе останат и понатаму да траат, како што е купувањето преку интернет, видео состаноци, работа од дома… Сепак, на крајот најважно е да се почитуваат препораките, да се прилагодиме на ситуацијата, да се грижиме за здравјето, да ја “разбудиме“ подзаборавената или намерно потисната емпатија во секој од нас. Кога ќе заврши пандемијата, ќе исчезне стравот дека некој кивнал во ваша близина, но ќе остане потребата за хигиенски навики и “прочистување“ на мислите 😊.

Фото: Pixabay