Даночните канцеларии на УЈП денес со продолжено работно време

44

ujp-4-580x335-1Денес 15 март истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (образец ПДД-ГДП), поради што Управата за јавни приходи го продолжува работното време на даночните канцеларии со цел граѓаните да можат да ги запазат законските рокови за исполнување на нивната обврска за пријавување на приходите, информираат од УЈП.

  • Сите Регионални дирекции на УЈП (Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Прилеп) ќе примаат пријави до 21:30 часот;
  • Сите Даночни одделенија на УЈП (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар) ќе примаат пријави до 18:00 часот;
  • Сите Даночни шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово), вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18:00 часот.

Од УЈП потсетуваат дека за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба којашто се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.