Данок за оние кои се збогатија во пандемија

34

Владите би требало да размислат за “солидарно“ оданочување на поединци кои се збогатиле за време на пандемија за да се намали екстремната нееднаквост, порача генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

“Мора да се погрижиме парите да бидат насочени таму каде што е најпотребно. Најновите извештаи сигнализираат дека богатството на најбогатите луѓе во светот во изминатата година се зголеми за 5.000 милијарди долари“, рекол Гутереш.

Тој ги повика владите да разгледаат воведување на “солидарен“ или данок на богатство на оние кои профитирале во текот на пандемијата за да се намали екстремната нееднаквост.

Повторил дека 20-те најголеми и најбогати економии во светот треба да дадат поддршка на мораториумот за сервисирање на долгот за 2022 година.

Фото: Pexels