Данска: Донирани 2,4 милиони евра за садници за заштита на околината

78

Данска преку телевизиски настан – наречен Климатски Телетон успеа да собере 2,4 милиони евра со цел да се засадат еден милион дрвја.

Телетонот се одржа во шумата Gisselfeld Klosters на островот Зеланд во источниот дел на земјата, пишува DW.

Организатори беа данското Друштво за заштита на природата и Фондацијата за садење на дрвја, а вклучуваше музички гости и беше емитуван на јавниот сервис во земјата – каналот TV2.

Целта на Телетонот беше да се соберат 20 милиони дански круни (2,70 милиони евра) за да се засадат еден милион дрвја. Со донации од индивидуалци и компании настанот успеа да собере 2,4 милиони евра доволно за засадување на 914.233 дрвја.

Фото: Pixabay