Данска и Словачка со строги мерки за Божик

31

Данска и Словачка пред Божик ги затвораат трговските центри и продавници за да се спречи ширење на коронавирусот.

Данската влада ги затвора трговските центри од денеска, а другите продавници ќе бидат затворени од Божик. Супермаркетите и другите продавници со прехранбени производи ќе останат отворени, пренесува Ројтерс.

Словачка од сабота до 10-ти јануари ќе го ограничи движењето на луѓето, освен во итни ситуации, за работа или за престој во природа, а ќе бидат затворени и поголемиот дел од продавниците.

Според податоците на Европскиот центар за контрола и спречување на болести, Данска на 100.000 жители во последните две недели има 523 заразени лица, а Словачка 500.

Фото: Freepik