Дава ли резултат едномесечниот карантин во Велика Британија?

42

Нивото на заразени со Ковид-19 во Велика Британија во текот на националниот карантин е намалено за 30% и вирусот сега се повлекува, покажало големо истражување во коешто учествувале над 100.000 доброволци.

Велика Британија воведе втор карантин на петти ноември со цел да го сузбие наглото ширење на вирусот и да го заштити својот здравствен систем. Земјата би требало на втори декември да се врати на регионалните ограничувања.

Нивото на инфекции се намали за 30%, на 96 заразени на 10.000 луѓе меѓу 13-ти и 24-ти ноември, покажуваат привремените резултати од истражувањето што го спровеле научници од лондонскиот Imperial College во соработка со компанијата Ipsos.

Последно такво истражување е спроведено меѓу 16-ти октомври и втори ноември, коешто покажало 130 инфекции на 10.000 лица.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, поради одлуката за таканаречениот lockdown се соочил со критики од својата партија, некои дури рекле дека тоа е непотребно кршење на граѓанските права, додека опозицијата го обвини дека реагирал премногу бавно.

Фото: Freepik