Даваат нафта во замена за вакцини

50
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, навести дека Венецуела може да плати со нафта за да добие вакцини против коронавирусот.

“Венецуела има цистерни со нафта и има клиенти што ја купуваат нејзината нафта. Нашата земја ќе одвои дел од овие резерви за да обезбеди испорака на потребните вакцини. Нафта во замена за вакцини“, рече Мадуро на државната телевизија, а пренесе руската агенција Тасс.

Според официјалната статистика, во Венецуела се регистрирани над 156.000 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починале 1.555 лица.

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, во средата изјави дека Венецуела има околу седум милијарди долари на сметки во странски банки, кои земјата планира да ги искористи за да купи вакцини.

Сепак, банките во земјите што го признаваат лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, за лидер на Венецуела одбиваат да ги отстапат средства, тврди официјално лице.

Мадуро овој потег го нарече обид за пуч и прогласи прекин на дипломатските врски со САД.

Фото: Pixabay