Дебарски бањи – Цапа со добивка од 14,5 милиони денари во 2013 година

205

debarski banji capa

Дебарски бањи – Цапа по годишната сметка за 2013 година оствари нето добивка во висина од 14.532.829 денари, стои во одлуката на компанијата за распределување на добивката за 2013 година, објавена на Македонска берза.

Во истата одлука се наведува дека остварената нето добивка ќе се распореди за задолжителна општа резерва.

Во текот на минатата година Дебарски бањи – Цапа оствариле 124.407.646 денари приходи од работењето, додека финансиските приходи се на ниво од 126.992 денари.