Деца од две основни училишта ќе вежбаат на едукативни сообраќајни полигони, донација од Окта

20

img_8590

Уште две основни училишта, Димо Хаџи Димов и Војдан Чернодрински добија донација, едукативен сообраќаен полигон, од компанијата Окта, стои во соопштението.

На овие полигони најмладите учесници во сообраќајот ќе се запознаваат со основните сообраќајни правила и прописи и ќе учат како безбедно да се движат по сообраќајниците. Донацијата е дел од кампањата Јас внимавам и во рамки на истата беше изведена и театарска претстава, а децата добија и боенки на истата тема.

Кампањата Јас внимавам продолжува со своите активности за поголема безбедност во сообраќајот. Кај возрасните ја буди свеста за потребата од поголемо внимание и почитување на сообраќајните правила и прописи, а најмладите ги едуцира преку едукативни полигони, боенки и театарска претстава.