Деца со идеи за справување со климатските промени

91

reklama

Да не ги оставаме децата да се справуваат со климатските промени. Денешнината е на нас, на нив е иднината. Ова е новата кампања на канадската влада за справување со климатските промени, во која академикот Дејвид Сузуки во аудиториум полн со деца зборува за овој проблем.

“Ако не се делува веднаш, штетата нема да може да се поправи. А кој ќе треба да живее со последиците? Вие!”

Во второто видео, децата нудат решенија на кризата преку цртежи и објаснувања.

Неколку решенија за справување со климатските промени може да се прочитаат на интернет страната на кампањата.