Дечиња од прилепска градинка во посета на Витаминка

22

vitaminka-poseta

Триесетина дечиња од детската градинка Наша иднина од Прилеп ја посетија компанијата Витаминка.

“Нивната радост беше неизмерна кога видоа како се произведува нивниот омилен Стоби флипс. Нашите најмлади посетители го видоа и начинот на производство на интегралниот кекс Деспина. Тие беа радосни и среќни што за прв пат посетуваат една позната македонска компанија која ги произведува нивните најслатки и највкусни производи, забележувајќи дека сè околу нив е чисто и уредно“, соопштуваат од компанијата.

Дечињата добија подароци од Витаминка.