Deep Blue Bag – еколошки ранец изработен од отпаден материјал

54

d96e2e80b9b051ef3cc6b23b52397933_originalФото: Kickstarter

Индустрискиот дизајнер Ив Бехар, кој е и основач на компанијата Fuse Project,  со помош на Mafia Bags креираше ранец од стари костими за нуркање, рециклирани едра и јажиња за планинарење.

Deep Blue Bag е водоотпорен, мултифункционален ранец, којшто има простор за сместување на водена облека, лаптоп, специјално скриен џеб за клучеви и паричник, надворешни и внатрешни прегради за сместување на опрема и место за шише со вода.

Она што е интересно е дека секој ранец е уникатен, рециклираните едра придонесуваат секој од нив да биде сошиен на различно место. Еден Deep Blue Bag “содржи“ повеќе од 10 квадратни метри отпад, што значи дека помага за почиста околина.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 18.514 долари од побараните 17.000. Кампањата трае уште 46 дена.