Дејвид Бекам претстави Maserati што тој го дизајнираше (ВИДЕО)

Не е невообичаено светските ѕвезди да поседуваат уникатни автомобили, но поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам  ја подигна границата на повисоко ниво. 

Тој заедно со дизајнерите на познатиот Maserati работеше на развојот на моделот MC20 Fuoriserie, кој го претставува на спектакуларен начин.

Италијанската компанија им дозволува на клиентите да учествуваат во модификациите на четири тркала, а Бекам се потрудил да дизајнира вистинска убавица.

Каросеријата има сјајна црна боја, а контрастот го сочинуваат логотипите на решетката од ладилникот во мат црна боја, додека MC20 ознаката на вратите е во пастелно розева боја. Истиот концепт со боите продолжува и во енетериерот, каде се наоѓа кожа алкантра во црна боја и розев конец, додека наслоните за глава имаат тродимензионална розева гравура. Покрај логото на брендот додадено е Maserati Fluiriserie for David.Автомобилот достигнува максимална брзина од 325 км на час.