Дејвид Малпас избран за претседател на Светска банка

52

Фото: Facebook

Одборот на извршни директори на Светска банка едногласно го избра Дејвид Малпас за претседател на оваа финансиска институција во следните пет години.

Неговиот петгодишен мандат започнува на деветти април оваа година. Меѓу неговите основни задачи ќе биде преземање на акции и поддршка на проекти со коишто треба да се намали сиромаштијата на глобално нив.

Инаку, 62-годишниот Малпас е заменик секретар во американското Министерство за финансии задолжен за меѓународни прашања.

Негов претходник е Џим Јонг Ким, кој требаше да биде на чело на Светска банка до 2022 година, но поднесе оставка на почетокот на оваа година.