Дел од добивката на Грозд за инвестиции во нова линија за безалкохолни пијалаци и флаширана вода

26

grozd-strumica

Грозд од Струмица донесе одлука за распределба на добивката за 2015 година.

Компанијата минатата година оствари добивка во износ од 47.352.789 денари, при што за данок од добивка и непризнаени расходи се издвоени 4.451.877 денари.

“Дел од нето добивката од 42.900.912 денари се распоредува за инвестиции во основни средства, нова линија за безалкохолни пијалаци и флаширана вода“, стои во одлуката што е објавена на Македонска берза.