Дел од добивката на НЛБ Банка останува нераспределена, остатокот за инвестиции

29

Нето добивката на НЛБ Банка, во износ од 1.849.917.998 денари, според предлог одлуката, се распоредува дел како нераспределена и дел за инвестиции.

“Нето добивката на НЛБ Банка за 2019 година во износ од 1.849.917.998 денари се распределува на следниот начин: нераспределена добивка од 1.672.270.392 денари и задржана заработувачка за инвестиции од 177.647.606 денари“, стои во предлог одлуката.

Добивката којашто е распределена во задржана заработувачка за инвестиции, како што стои во предлог одлуката, се употребува за цели на развој и инвестиции во материјални и нематеријални средства за проширување на примарниот бизнис и не е достапна за плаќање на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за дистрибуција на акционери).

“Врз основа на неочекуваната ситуација со пандемијата КОВИД-19 и врз основа на Писмото од Народната банка на Република Северна Македонија од 20.03.2020, во кое се очекува банките во Република Северна Македонија да се воздржат од исплата на дивиденда од реализирана добивка за 2019 година, со цел да го надградат капиталот и ликвидните резерви над минимално потребниот праг, предлагаме распределба на реализираната добивка за 2019 во Нераспределена добивка во износ од 1.672.270.392 денари и Задржана заработувачка за инвестиции во износ од 177.647.606 денари. На овој начин остварената добивка за 2019 ќе биде на тековно располагање на Банката за ликвидносни цели, како и на располагање на Собранието на акционери за понатамошно одлучување во однос на начинот на постапување со нераспределената добивка понатака, кога Банката ќе има повеќе информации за да направи квалитетна проценка на развојот на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот на Банката и позицијата на ликвидност“, стои во Образложението.

Фото: Pixabay