Винарската визба Тиквеш донесе одлука за распределба на остварената добивка од работењето во 2015 година.
Од остварената нето добивка, во висина од 36.617.644 денари, како законски резерви се одвојуваат 15% или 5.492.647 денари. Остатокот од 31.124.997 денари ќе се реинвестира.
“Износот од 31.123.997 денари распореден во добивка наменет за реинвестирање да се користи во 2016 година за вложувања во нови инвестиции“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.