Дел од планетата веќе ѝ посака добредојде на Новата година

46
Couple is dating at a restaurant

Планетата Земја веќе почна да врти нова страница во надеж дека 2021 година ќе биде посреќна од годината што помина во знак на пандеијата, поради којашто милијарди луѓе беа принудени да останат во своите домови за најлудата ноќ.

Малиот архипелаг Кирибат и островот Самоа на Пацификот први влегоа во новата 2021 година во 11 часот по средноевропско време, а ненаселените острови Хоулад и Бакер во новата година ќе влезат 26 часа подоцна.

Во 12 часот по средноевропско време во 2021 година влезе и Нов Зеланд во којшто на сила се помали ограничувања и земјата е единствена во светот што не ги откажа собирите на отворени, па жителите на Окленд во живо го следеле огнометот на улица.

Во Сиднеј, најголемиот град во Австралија, најпознатиот новогодишен огномет е организиран во 14 часот по средноевропско време без публика.

Во Русија десетина лица секоја година пливаат во ледените води на Бајкалското езеро во Сибир, а денеска можат да уживаат во “ледената купка“ во водата чија температура е два степени над нулата.

Во Дубаи илјадници луѓе ја дочекуваат Новата година уживајќи во пиротехнички и ласерски спектакл на Бурж Калифа. Сите мора да носат маски и да бидат регистрирани со QR код.

Фото: Freepik