Делегација од 20 бизнисмени од Саудиска Арабија доаѓаат на Sarajevo Halal Fair 2019

85

Делегација од 20 бизнисмени од Кралството Саудиска Арабија, предводена од деловниот форум на Исламската развојна банка (IsDB) –  THIQAH го најави своето присуство на Sarajevo Halal Fair (SHF) 2019.

Исламската развојна банка, една од најголемите мултилатерални финансиски институции во светот, е основана од деловниот форум THIQAH со цел воспоставување единствена и иновативна платформа што ќе им овозможи на бизнисмените меѓусебно поврзување и создавање нови деловни можности. Деловниот форум THIQAH ги олеснува контактите и ја врши координацијата меѓу делови од IsDB и приватните компании, како и поврзување на институции во земјите членки на IsDB Group. Главниот фокус на делување е максимизирање на прекугранични инвестиции меѓу земјите членки на IsDB Group што ќе бидат поддржани од финансиски производи и услуги на IsDB.

THIQAH и Bosna Bank International веќе имаат потпишано договор за соработка што вклучува ко – организација на настани на Sarajevo Business Forum и Sarajevo Halal Fair. Бизнисмени од Саудиска Арабија се заинтересирани за воспоставување соработка во областа на халал туризмот и халал храна, а со посредство на BBI VIP Business Club, што функционира во рамки на Bosna Bank International (BBI), во текот на саемот ќе бидат организирани деловни В2В состаноци со цел поврзување на бизнисмени од Босна и Херцеговина, регионот и од арапскиот свет.

Членови на деловниот форум THIQAH се угледни бизнисмени од листата на најбогати луѓе во арапскиот свет, како и некои од наеминентните деловни субјекти во светот, како што се Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Азиска развојна банка, Европска банка, Светска трговска организација и многу други. Учество на SHF 2019, досега потврдија и најавија учесници од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Малезија, Индонезија, Австрија, Германија, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Франција, Литванија и многу други.

SHF 2019 ќе биде одржан во Центарот Скендерија во Сараево од 26-ти до 28-ми септември оваа година, а организатори на Саемот се BBI, Islamic Development Bank Group и IsDB Group Business Forum THIQAH, со поддршка од Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Агенцијата за сертифицирање халал квалитет во БиХ, како и Здруженија на халал индустријата што се дел од Стопанската комора на Федерацијата Босна и Херцеговина. Овогодишната манифестација се одржува под покровителство на членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.