Dell Force10 MXL – прв blade switch во индустријата со поддршка од 40 Gigabit Ethernet – сега достапен во Македонија

6

Овој иновативен производ беше претставен кон крајот на април, а за првпат презентиран на Interop 2012 форумот во Лас Вегас во мај. Дизајниран за да обезбеди високи перформанси и густина за денешните секојдневни работни обврски во традиционалното и виртуелно опкружување како и во јавното и приватното „cloud” опкружување. Dell Force10 MXL е дизајниран за Dell PowerEdge M1000e blade шасија. Се одликува со високо ниво на компатибилност: 32 интерни 10 GE приклучоци за blade сервер конекција кои се поврзуваат со неблокирачки switch-еви. Интерните приклучоци за blade серверите можат да работат и како 1 GE приклучок.

Switch-евите можат да се зголемат до шест екстерни 40 GB портови или 24 10 GE портови во еден уред. Можете многу лесно да додадете на switch-от 40 GE QSFP+, 10GE SFP+ или 10G Base-T портови, користејќи FlexIO интерфејс со експанзивни модули.

Dell Force10 MXL switch-от исто така поддржува многубројни функционалности, што претставува економично решение за експанзивните флексибилни switch-еви користејќи здружување на портовите. Dell Force10 MXL поддржува приклучување на повеќе од шест switch модеми со единствен плот, кој може да се управува со една IP-адреса. Здружувањето е имплементирано со користење на 40 GE приклучоци.

Dell Force10 MXL switch-от е компатибилен со IEEE DCB спецификација и поддржува различни решенија за SAN (Storage Аrea Network) и податочни мрежи како што се FCoE или iSCSI. Напредната функционалност на FTOS оперативниот систем кој е ист за сите Dell Force10 модели, им обезбедува на системските администратори едноставни, интуитивни, а во исто време моќни алатки за управување со мрежата.

Dell Force10 MXL switch-от е достапен во проширеното портфолио на Dell на пазарот во Македонија и им овозможува на дистрибутерите и купувачите да користат други производи како ефективни решенија за нивните предизвици кои се со различни нивоа на комплексност.