Deloitte: Само 20% хрватски менаџери подготвени да ризикуваат

15

rizikИнвестициите ниту оваа година нема да бидат приоритет на финансиските директори во Хрватска, покажува последното Истражување на ставовите на финансиските директори во Централна Европа, што ја спроведе Deloitte кој крајот на минатата година. Приоритет за оваа година нема да биде ниту ширењето на нови пазари, пишува Банка магазин.

“Освен на зголемување на приходите на постоечките пазари и намалување на индиректните трошоци, финансиските директори во Хрватска ќе бидат фокусирани и на реструктуирање и промени на бизнис моделите. Слично како и во претходните истражувања, подготвеноста за преземање на ризик е ниска и изнесува 21%”, наведува Јурај Моравек, партнер во одделот за ревизија на оваа консултантска куќа.

“Најголема доза на песимизам покажаа финансиските директори од Словенија, каде никој не е подготвен да преземе ризик во идниниот период, а слично е и во Србија, каде на ризик се подготвени смо 7% финансиски директори”, додава Моравек.

Финансиските директори во Хрватска предвидуваат дека и оваа година ќе дојде до зголемување на бројот на невработени, иако тоа нема да биде драстично.

Истражувањето е спроведено во периодот октомври – ноември 2013 година, а опфатени се финансиски директори на најголеми компании во Албанија, Косово, БиХ, Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија.