Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Шуто Оризари утре без струја

24

Утре во периодот од 8.30 до 11.00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Пеју Јаворовиќ во Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Струја од 9.30 часот до 15.30 ќе немаат ниту корисниците од улицата Виетнамска во Шуто Оризари, пет дуќани на улицата Шидска во Ѓорче Петров, како и корисниците од село Копаница во Сарај.