Делови од Општина Карпош, населба Радишани и селото Буковиќ денеска ќе останат без струја.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека во среда без електрична енергија ќе останат: ул. АФЖ и ул. Ѓоре Ѓоревски во Радишани.
Од 8.30 до 15.30 без електрична енергија ќе бидат дел од ул. Руѓер Бошковиќ, дел од ул. Бранислав Нушиќ и дел од ул. Никола Тесла.
Во среда од 9.30 до 15 струја ќе немаат и дел од потрошувачите во селото Буковиќ.