Делови од Скопје утре без струја

24

sijalica-pixabay

Фото: Pixabay

Делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија, известуваат од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од осум до 13 часот, без струја ќе останат корисниците од улица Тодор Чангов лоцирани околу ресторанот Мирко во општина Аеродром, додека од 8.30 до 14.30 без електрична енергија ќе бидат корисниците кај расадникот Бутел, поточно корисниците на потегот кон улица Радишанска.

Без електрична енергија во период од 8.30 до 16.30 часот ќе останат дел од корисниците од село Студеничани, а во период од девет до десет часот корисниците од ул. бр.5 во село Волково.

Од девет до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од главна улица бр.2, поточно корисниците лоцирани спроти училиштето и улицата кон индустриската зона во село Визбегово, а од девет до 11 часот дел од корисниците од ул. Ѓорче Петров лоцирани во околината на киното. Од девет до 15.30 без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Џумајска во општина Карпош.

Во период од девет до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Франц Прешерн во општина Карпош, а во период од 9.30 до 11 часот корисниците од ул. Црногорска – подулица 2 во општина Ѓорче Петров.

Од 09.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Метохиска, општина Шуто Оризари.

Во периодот од 09.30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Копаница лоцирани кон патот за село Рашче, додека од 12 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. бр.23 во село Волково.

Од 12 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Димо Хаџи Димов, како и дел од корисниците од ул. Божидар Аџија во општина Кисела Вода.