Делови од Скопје утре без струја

21

Поради реализација на инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, утре без напојување со електрична енергија ќе останат жителите на повеќе скопски улици.

Од 8.30 до 11 часот струја ќе нема на булеварот Кочо Рацин бр.29 и улицата Тетовска од бр.14 до бр.24 во општина Центар.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од село Кучевиште, од 09.30 до 15 часот улиците Брсјачка Буна, Пелагонија и дел од улицата Нов живот во општина Шуто Оризари. Улицата Козле од број 16 до број 26 ќе биде без струја од 12 до 14.30 часот, а од 12 до 15 часот ќе немаат струја корисниците од улицата Димо Хаџи Димов бр.47 во општина Кисела Вода.