Деловна средба на регионалните комори од Битола и од Кичево

21

Деловна средба меѓу компании од Кичево и Битола организираат регионалните комори на овие два града, кои функционираат во рамки на Стопанската комора на Македонија.

Целта на средбата е зголемување на соработката меѓу компаниите од овие два региона. На бизнис средбата ќе се разгледаат можностите за интензивирање на меѓусебната соработка и ќе се расправа и за предлог мерките за поддршка на бизнис секторот, за инфраструктурното поврзување.