Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд претпладне, додека на планините и на некои повисоки места можен е слаб снег.
Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Утре попладне ќе има врнежи од дожд, а веќе од среда почнува стабилизација на времето со повисока дневна температура.