Денеска дожд во низините и снег на планините

12

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, кои на места ќе бидат и пообилни (над 20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од пет до 14 степени.

Во Скопје и околината облачно со повремени врнежи од дожд и температура до 11 степени.