Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет особено во источните делови каде е можна и ретка појава на грмежи. Во југозападните делови ќе има подолги сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.