Денеска потопло, температури до 20 степени

44

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во крајните северни делови не е исклучена можноста за слаб локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.