Денеска променливо, за викенд сончево и топло

18

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 22 степени.

За викендот времето ќе биде стабилно и топло, со температури до 28 степени.