Денеска сончево и потопло

17

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно облачно време со мала доумерена облачност. Ќе биде потопло и утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во сабота повторно се очекува зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и услови за слаби локални врнежи од дожд во јужните и западните делови од земјава, а на планините слаб снег.

Во недела и во првите денови од наредната работна седмица времето ќе биде повторно стабилно и суво.