Денови на филигранство во Скопје

24

f3403b4e-066f-4519-ae2e-064eb382ffb0

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол преку заедничка соработка најавуваат нешто несекојдневно и специјално, нешто кое потсетува дека треба да се негува традицијата. Од 6 до 8 мај 2016 ќе се одржат Денови на филигранство во Скопје Сити Мол, каде ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает кој претставува дел од македонската традиција. Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На Деновите на филигранството ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полудраги и драги камења, оргонит.

Свеченото отворање ќе се одржи на 6 мај во 13:00 часот во Скопје Сити Мол, каде свое обраќање ќе има Претседателот на Занаетчиската Комора на Македонија, г-дин Никола Петров.

Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците кои ја испреплеле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка.

Во склоп на тридневниот настан, заинтерeсираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на лице место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.