Дерма фест во Капитол мол

22

nega-event-clean

Во Капитол мол од четврток (08.06.2017) до недела (11.06.2017) со почеток од 11 до 21 часот на приземје и први кат се организира Дерма фест, прв настан во Македонија посветен на кожата, стои во соопштението.

Во рамки на Дерма фест ќе бидат достапни дерматолошки и стручни совети за тоа како секој може да се негува себеси и својата кожа. Покрај дерматолошките совети, самите излагачи во зависност од козметиката ќе делат ваучери и купони коишто ќе им помогнат на заинтересираните подетално да се запознаат со состојбата на сопствената кожа. Воедно, посетителите ќе бидат информирани за медицински препарати коишто на најдобар начин ќе им помогнат во негата на нивниот тип на кожа. Настанот е еден од ретките каде можат да се добијат совети за нега за себе и има за цел да ги поттикне сите кои ќе го посетат настанот да се охрабрат во овој модерен и брз свет да посветат време за себе, за сопствена нега и подобро здравје.

Иако во фокус на Дерма фест е здравјето и негата на кожата, во текот на четирите дена ќе бидат овозможени дополнителни активности каде што луѓето ќе се информираат и за храната којашто влијае врз физичкото и менталното здравје.

На Дерма фест ќе учествуваат: GUAM козметика, Avene, Таива, dm, Kedma, МAYA Вода, Рамстор, Еликсир Ексклузив, Lancome, Collistar и Biotherm, Sebamed Биокулт, Топ Шоп и Анифарм BETTY Аптека