Десетдневен план за менаџери и претприемачи

266

Дали имате главоболки поврзани со работата, не успевате добро да се организирате, имате чувство дека ги губите “конците“ од раце или ви недостасува време или можеби мотивација? Тоа не треба да ве загрижува бидејќи можеби се работи само за лош период, но не треба да дозволите тоа се рефлектира врз работата и да остави трајни последици. Затоа, не очајувајте и не чекајте, туку преземете иницијатива. Со помош на овој десетдневен план, ќе расчистите со сите непотребни работи, ќе го зголемите фокусот и ќе станете лидер каков што посакуваат вашите колеги.

Прв ден – поглед во ретровизор

Никогаш не е доцна да ги преиспитате своите одлуки, да направите анализа на вашите постапки, дали со вашето однесување некому сте му нанеле штета. Самокритичниот поглед кон работите ќе ви помогнат да се ослободите од пристрасноста, да ги анализирате состојбите со “очите“ на другите и да извлечете поука. Со други зборови, никогаш не престанувајте да работите на себе, да ги преиспитувате одлуките, постапките и однесувањето и како се снаоѓате во средината во којашто работите.

Втор ден – барајте feedback од колегите

Не е доволно само да им “наредите“ на членовите од тимот што треба да направат и потоа да го оцените сработеното, туку активно да ги вклучите во сите процеси. Дајте им шанса отворено да зборуваат, да го кажат својот став, да не се плашат да ве искритикуваат, бидејќи само со конструктивна и непосредна комуникација заедно со тимот се доближувате до успехот.

Трет ден – ништо без план

Планот нека ви биде мапа и компас на патувањето низ бизнис светот. Ако немате план, нема да знаете што следно да направите и како да се однесувате во одредени ситуации или како да решите одредени потешкотии. Дури и да отстапувате од планот, тоа ќе ви помогне полесно да ја согледате ситуацијата, да сфатите кои фактори ве принудуваат на тие отстапки. Добро разработениот план ќе ви помогне полесно да управувате со сите ресурси што ви стојат на располагање, полесно ќе носите стратешки потези и ќе создадете пријатна атмосфера за работа во којашто владее кохезија меѓу сите.

Од четврти до деветти ден – правете сè што (не)можете за да станете подобри

Секој човек мора да биде свесен за своите предности и недостатоци. Низ процесот на самоанализа полесно ќе можете да ги утврдите капацитетите со коишто располагате, кои се вашите слаби, а кои јаки страни. Штом се “наоружате“ со такво знаење, вие ќе бидете подобар човек, пред сè, за самите себе, а потоа и за луѓето со кои работите и соработувате. Затоа, никогаш не се откажувајте од намерата да се развивате, да “растете“ во бизнисот, да учите нови работи, да ги проширувате видиците и во сите процеси активно да ги вклучите луѓето со кои соработувате.

Десетти ден – време е да се донесе заклучок

Овој ден треба да го искористите да ги соберете “впечатоците“ од претходните денови. Извлечете заклучок од сработеното, подвлечете ги со црвено сите важни точни, придржувајте се кон агендата и планот, унапредувајте го окружувањето, инвестирајте во знаење, стекнување нови искуства, проширување и продлабочување на соработката… Сите оние активности што ќе ви помогнат да бидете лидер кој знае и умее, но и кој мотивира и поттикнува на промени.

Фотo: Freepik