Десктоп апликација на МојДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

149

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/206 може да се преземе Десктоп апликацијата и упатството за инсталација и користење којашто е наменета за скенирање и сторнирање на фискални сметки.

Со помош на оваа Десктоп апликација и приклучен бар код читач кон персонален компјутер, овластените лица во правните субјекти може да сторнираат фискални сметки.

Покрај мобилната апликацијата МојДДВ, Десктоп апликацијата е уште една можност за скенирање и сторнирање фискални сметки преку персонален компјутер на којшто е приклучен бар код читач.

Фото: Pixabay