Детергент “претвори“ поранешна професорка во една од најбогатите жени во Кина

52

Пан Донг беше професорка на Универзитетот во Гангжу, Кина. Две децении подоцна, таа е една од најбогатите жени во Кина.

Станува збор за 55-годишната претседателка на Blue Moon Group Holding, чиј сопруг Луо Џипинг е основач на овој производител на детергенти. Нивната компанија, како што пишува Блумберг, во последните години се натпреварува на пазарот со глобални играчи како што се Unilever и Procter & Gamble и стана водечки добавувач на детергенти за перење алишта во Кина.

Оваа година успеа да собере 1,3 милијарди долари преку иницијална јавна понуда во Хонгконг.

Со скок на акциите за 16%, 77% од акциите на Пан сега вредат 8,8 милијарди долари.

Пан има канадско и државјанство од Хонгконг, дипломираше хемија на Универзитетот во Вухан во 1987 година. Таа ѝ се приклучи на Blue Moon во 1994-та година, две години по претставување на нејзиниот прв производ.

Фото: Freepik