Детскиот ликовен конкурс на Ладна ве носи во Дизниленд

41

jk

Патувањето во Дизниленд е искуство што ги активира сите сетила и ја буди фантазијата не само кај децата туку и кај возрасните. За овој сон да стане реалност Ладна четврта година по ред го организира детскиот ликовен конкурс којшто на зададена тема ги наградува детските цртежи со патувања токму во овој забавен парк.

Годинешниот конкурс е во тек и темата на која можат да ги испратат своите уметнички дела се Крај вода одмарам и цртам. Минатата година победничка во категоријата од 4 до 7 години беше четиригодишната Марта Трајаноска која заедно со своето семејство, отпатува на оваа дестинација. Освен Марта на оваа дестинација отпатуваа уште неколку дечиња победници во своите категории.

Доколку и вие сакате да бидете дел од една неповторлива Дизни авантура цртежите на вашите најмили на темата Крај вода одмарам и цртам испратете ги заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број) на адреса: ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со назнака За Ладна ликовен конкурс.