Deutsche Bank лани работеше со добивка, првпат по шест години

36

Deutsche Bank минатата година работеше со добивка, што е првпат по шест години, благодарение на добрите резултат што ги прикажа нејзиниот оддел за инвестиционо банкарство.

Нето добивката на банката што отпаѓа на акционерите изнесува 113 милиони евра, додека во 2019 година, банката прикажа загуба од 5,7 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите предвидуваа дека банката 2020 година ќе ја заврши со загуба од околу 300 милиони евра.

Враќањето на профитабилноста е успех на главниот извршен директор на банката, Кристијан Зевинг, кој на чело на банката дојде во 2018 година со цел да направи пресвртница во работата на најголемиот германски кредитори по долги години загуби и плаќање високи казни поради перење пари и вмешаност во хипотекарна криза.

Фото: Facebook