Девет големи технолошки предвидувања за 2018

26

Фото: Pixabay

Технологијата сè повеќе го окупира нашиот секојдневен живот. Паметните звучници и “гласовните асистенти” ни овозможуваат непречена интеракција како со нашите домови, така и со компаниите.

Смартфоните станаа вообичаен уред за купување, а дигиталните платформи сè повеќе го менуваат првобитниот изглед и функција на телевизорот.

Како резултат на дигиталната технологија, речиси секоја гранка на индустријата е променета во последните десет години. Се очекува дека и во 2018 година ќе имаме многу технолошки промени кои видливо ќе влијаат на нашето делување, кариери и животи.

Busines Insider дава листа од девет атрактивни предвидувања и текови на полето на технологијата за 2018 година:

  • Криптовалутите ќе бидат пошироко прифатени
  • Google и Apple ќе го загрозат Amazon на пазарот со паметни звучници
  • Големо враќање на виртуелната реалност на пазарот
  • Ќе почне вистинска трка на автономните возила
  • Контролата на дроновите ќе се релаксира
  • Alibaba ќе доживее меѓународна експанзија
  • Генерација Z ќе стане главна целна група за медиумските компании и огласувачите
  • Сигурноста при плаќањето ќе биде од најголема важност
  • Паметните куќни апарати ќе почнат масовно да се продаваат