Деветмесечна добивка од 63,6 милиони денари за Окта

38

Окта во периодот јануари – септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 63.630.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата евидентираше добивка од 167.062.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа ниво од 11.471.666.000 денари. Од тој износ, поголемиот дел или 9.259.205.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 2.212.460.000 денари е од продажба на пазари во странство.

“Приходите од продажба за деветте месеци од 2020 година изнесуваат 11.472 милиони денари, заостанувајќи зад 20.294 милиони денари остварени истиот период минатата година што е последица на намалената побарувачка и падот на меѓународните цени на горивото“, стои во Коментарот на финансиските резултати за деветте месеци од оваа година.