Деветмесечна добивка од 74,4 милиони денари за Фершпед

30

Компанијата Фершпед оствари вкупна сеопфатна добивка од 74.476.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 88.484.000 денари.

“Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за период јануари – септември 2019 година изнесуваат 2.705.505.000 денари и истите бележат зголемување за 5% во  однос на вкупните приходи остварени во истиот период  минатата година. Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 2.691.816.000 денари и се зголемени за 5% во однос на оперативните приходи во период јануари – септември 2018 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат раст“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа ниво од 2.687.357.000 денари. Поголемиот дел од 2.503.124.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 184.233.000 денари е продажба од странство.

Фото: Pixabay